Светскиот рекет број 1 Новаќ Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако во четири сета го скрши отпорот на Карењо Буста.

Двајцата тенисери последен пат се сретнаа на УС Опен кога Ѓоковиќ беше дисквалификуван по инцидентот кога погоди со топче линиски судија.

Овој пат, нивниот дуел доби завршница во која српскиот тенисер славеше со 3-1.

Ѓоковиќ го загуби првиот сет со 6-4, но потоа по пдигна нивото на игра преоуштајќи му на протиникот само девет гемови во преостанатите три сета.

Најдобриот светски тенисер за влез во финалето ќе игра против Гркот Циципас.