По шокантниот пораз од Александер Зверев во полуфиналето, кога ја загуби шансата за олимписко злато, единствен важен трофеј кој му фали, Новак Ѓоковиќ денеска остана и без бронза.

Во драматичен меч за бронзата поразен беше од Шпанецот Пабло Карењо Буста со 6:4, 6:7, 6:3.

Во моментите кога Шпанецот во третиот сет зеде брејк, Ѓоковиќ целосно полуде.

Се дереше, пцуеше, а тоа се слушаше на целиот стадион, го фрли рекетот на трибините, а потоа го скрши удирајќи со него во столбот кој ја држи мрежата.