Новак Ѓоковиќ во неколку наврати докажа дека има дарба и за други работи, покрај играњето тенис, а српскиот ас по само три дена откако го освои осмиот Австралија опен на престижниот фестивал во Италија, „Сан Ремо“ се испроба и во улога на пејач.

Новак ја отпеа песмата на Ерос Рамацоти – „Ветена земја“ со која легендата на италијанската музика победи на „Сан Ремо“ во 1984 година, и ги воодушеви Италијанците.