Неверојатниот и харизматичен Новак Ѓоковиќ по петти пат во кариерата гледаше како го испишуваат неговото име на таблата на вечните, шампионите, најдобрите. Незаборавен крај има бајковитата приказна која денеска ја испишаа двајцата најдобри тенисери на централниот терен во Лондон.