Новак Ѓоковиќ продолжува на својот пат кон финалето на Вимблдон во моментов води тешка битка против Хјуберт Хуркач, каде српскиот тенисер има предност со 1-0 во сетови. Во вториот сет, овие двајца го одиграа можеби и најдобриот поен одигран на Вимблдон годинава. Поенот го доби Хуркач, а публиката навистина уживаше во долгата размена на удари.