Новак Ѓоковиќ имаше непријатен инцидент пред мечот со Американецот Денис Кудла на УС Опен, еден „навивач“ му се обрати со прашањето:

„Нели си повреден, мислев си се повлекол од турнирот“ – неофицијално пренесуваат медиумите од Србија.

На ова реагираше Ѓоковиќ, нервозно но и прецизно :

„Верувај, ќе дознаам кој си“ – била реакцијата на Србинот.

На прес конференцијата по мечот со Кудла, Ѓоковиќ одговори дека имал само „обичен“ разговор со навивачот од трибините.