Новак Ѓоковиќ е повторно шампион на Австралија Опен, Србинот победи и оваа година,а „задолжителното“ интервју за сајтот на турнирот, го направи момче од Србија, Андрија Михајловиќ.
Во релаксиран разговор, Ѓоковиќ и малиот Михајловиќ разговараа на разни теми, меѓу другото кој е „трикот“ за добра игра.
„Често се фокусирам на дишењето, постојано дишеме но не размислуваме за тоа, кога ќе почнеш да се фокусираш на тоа, тогаш можеш да го подобриш функционирањето на телото и да играш подобро“ – изјави Ноле.
Инаку Ѓоковиќ на прашањето со кого би излегол на вечера, изјави дека тоа би го направил со Мајкл Џордан.
Comments are closed for this post.