Тениската репрезентација на Хрватска е првиот финалист во Дејвис Купот, по победата над Србија со 2:1.

Двојката составена од Никола Меткиќ и Мате Павиќ се избори за клучна победа од 7:5 и 6:1 против Новак Ѓоковиќ и Филип Крајиновиќ и со ова Хрватска се пласираше во финалето а Србија е елиминирана.

 

Во финалето, Хрватска ќе игра со подобриот од дуелот на Русија и Германија.