Актуелниот број 1 во светот на тенисот, Новак Ѓоковиќ, се подготвува за Мастерсот во Синсинати каде минатата година победи.

Србинот џогира во соседството во Синсинати и тоа го ообјави на Инстаграм, подготвен за одбрана на титулата.

Ѓоковиќ по Вимблдон не играше, сега го очекува настап на АТП Мастерсот во Синсинати каде е слободен во првото коло.

Србинот говореше  и за актуелната состојба во светот на тенисот, тој прогнозира дека Доминик Тим има капацитет да биде најдобар на планетата.

„Некој мора да се појави, Доминик Тим е блиску да биде најдобар, тој е често во врвот, во убави години е, на Грен Слем турнирите игра добро, ми делува зрел да биде лидер во овој спорт еден ден“ – изјави Ѓоковиќ.