Светскиот тенистер број еден Новак Ѓоковиќ остана непријатно изненаден, откако неговата прес конференција во пресрет на старотот на последниот гренд слем за годинава Ролан Гарос од се уште непознати причини беше прекинат .

Главниот фаворит за освојување на турнирот во Париз ја почна прес конференцијата одговарарајќи на прашање поврзано со актуелната корона криза и евентуална дисквалификација во случај на позитивен КОВИД 19 тест.

Во моментот кога вториот новинар се подготвуваше да го постави своето прашање кон српскиот тенисер, прес конференцијата беше прекината.