Новак Ѓоковиќ по 90 минути игра со 6-3 и 6-3 го победи Пабло Карено Буста од Шпанија за пласман во четвртфиналето на Мастерсот во Синсинати од серијата 1000.

Србинот ја запиша деветата победа едно по друго, втора на овој Мастерс со награден фонд  6,05 милиони долари.

Ѓоковиќ има три од три против Буста. за пласман во полуфналето најдобриот тенисер на светот во моментов ќе игра против Французинот Лук Пуј кој беше подобар од Карен Качанов со 6-4 и 6-2.