Новак Ѓоковиќ немаше проблеми против Французинот Лукас Пуј на Мастерсот во Синсинати, победи со 7-6 и 6-2 и закажа полуфинале со Данил Медведев од Русија.

За Ѓоковиќ ова е седмо полуфинале во Синсинати и вкупно 63. во кариерата. Србинот немаше многу проблеми против Пуј кој го намачи само во првиот сет.

Во второто полуфинале се среќаваат Давид Гофан од Белгија  и Ришард Гаске од Франција.