Новак Ѓоковиќ пристигна во Јапонија каде следната седмица ќе игра на турнирот во Токио, кој ќе му биде прв по повредата на рамото. Последен меч на Ноле му беше на УС Опен каде во осминафиналето го предаде мечот со Вавринка.

Турнирот во Токио е од серијата 500, а покрај Ѓоковиќ од главните фаворити ќе настапат и Чориќ, Чилиќ, Гофан и Шаповалов.