Најдобриот тенисер во светот пристигна во Токио, Новак Ѓоковиќ беше пречекан од домаќините кои со нетрпение го очекуваа во Јапонија.

Ѓоковиќ неочекувано подолго се задржа на аеродромот, процедурата за тестирање е специфична и траела два часа, јавуваат медиумите од Србија.

Тенискиот турнир во Токио започнува на 24 јули, и ќе трае се до 1 август.