Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада вечерва Александар Зверев, со 2-0 во сетови (6-3, 7-6)  доволно да заврши втор во својата група за пласман меѓу четирите најдобри на завршниот АТП турнир во Лондон.

За Ѓоковиќ ова  е деветти пласман во полуфиналето на завршниот турнир, а негов противник во битката за големото финале ќе биде Австриецот Доминик Тием.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Рафаел Надал  и Денис Медведев.