Новак Ѓоковиќ на импресивен начин го освои трофејот на АТП турнирот во Токио откако во финалето го совлада Австралиецот, Џон Милман со 6:3 и 6:2.

Со само пет загубени гејма за еден час и десет минути, најдобриот светски рекет во моментов успеа да дојде до трофејот во својот деби настап на овој турнир во Јапонија.

Следен предизвик за Ѓоковиќ е Мастерсот во Шангај каде ја брани титулата.