Првиот носител и најдобар светски тенисер во моментов, Новак Ѓоковиќ ја потврди фаворитската улога во мечот против Кудла во 2 коло од овогодинешното издание на Вимблдон.

Ѓоковиќ во три сета го победи Кудла со 6:3, 6:2 и 6:2. Мечот траеше 1 час и 33 минути. Без преголем напор, со идеја да не се троши премногу, Ѓоковиќ само потсети зошто е прв носител на Вимблдон.

Во следното трето коло Ѓоковиќ ќе игра притив Хуберт Хураз.