Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Токио откако по само 50 минути игра го победи Лукас Пуј од Франција.

Ѓоковиќ победи со 6-1 и 6-2, делуваше сигурно и убедливо, немаше никакви проблеми против Французинот.

Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде подобриот од мечот меѓу Гофан и Чунг. Србинот за прв пат настапува на турнирот во Токио каде следната сезона ќе се одржи Олимпискиот турнир.