Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон потешко од очекуваното, откако го совлада Хјуберт Хуркач со 3-1 во сетови (7-5, 6-7, 6-1, 6-4). Хуркач играше одлично во првите два сета, го освои вториот сет во тај-брејкот, но немаше сили за изненадување против светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ се разбуди во третиот сет кој го доби за само 17 минути, па не дозволи да биде елиминиран во овој тричасовен натпревар во кој публиката имаше прилика да проследи одличен тенис. Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Вимблдон по 12-ти пат во својата кариера, а таму повторно би требало да има лесна задача, ќе се сретне со подобриот од мечот Аугер-Алиасиме и Хјумберт.