Новак Ѓоковиќ загуби од Сттефанос Циципас во четвртфиналето на Мастерсот во Шангај и со ова не успеа да ги одбрани 820 поени кои ќе го зацврстеа на челната позиција на АТП рангирањето.

Надал кој не играше во Шангај сега е на 320 бодови во трката со Ѓоковиќ за промена на првото место на светското рангирање.

Циципас денеска го надигра популарниот Ноле со 3:6, 7:5 и 6:3 и си обезбеди полуфинале со Данил Медведев.