Вториот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ започно супериорно на завршниот турнир во Лондон каде настапуваат најдобрите 8 тенисери во светот.

Ѓоковиќ го победи Матео Беретини со 2-0, по сетови 62 и 61 за нешто повеќе од еден час игра.

Србинот се бори за првото место на АТП листата и секоја победа е важна на завршниот турнир. Од 21 часот се игра вториот меч, Федерер се среќава со Тим.