Последниот тениски турнир годинава на кој ќе играат најдобрите 8 играчи на АТП листата, започнува во недела во лондонската „О2 Арена“.

Ова е десети јубилејни пат овој турнир да се игра во Британската престолнина, но и претпоследен бидејќи во 2021 година завшниот Мастерс се сели во Торино.

Најдобрите тенисери имаа прилика да се дружат и да се фотографираат при една обиколка по реката Темза. Како изгледаше сето тоа погледнете во следните видеа.