Симона Халеп го одигра еден од животните натпревари победувајќи ја Американката Серена Вилијамс во женското финале на Вимблдон со 6:2, 6:2.

Романката ја држеше играта цело време, принудувајќи ја противничката на грешки. Во текот на натпреварот Халеп имаше три неизнудени грешки, а поискусниот рекет на теренот, Серена забележа 25.

Финалниот натпревар траеше помалку од еден час.