Горан Иванишевиќ го напушта Ѓоковиќ но само за кратко, ќе се врати за завршниот дел од Вимблдон само доколку светскиот рекет број еден не биде сензационално елиминиран.

Поранешниот победник на Вимблдон од 2001 година, Горан Иванишевиќ од неодамна  е дел од тимот на Новак Ѓоковиќ, за жал поради претходно прифатени обврски мора на кратко да го напушти тимот, сепак Хрватот вели дека Србинот  заслужено е број еден во светот.

„За жал не успеав да ги сменам обврските, заминувам со авион денеска попладне, можеби и ќе се вратам назад, се зависи дали ке ги вклопам претходно прифатените обврски, јас сум негов навивач од претходно, прифатен сум добро од тимот, особено од Вајда, Ѓоковиќ сака да работи и напредува, се гледа зошто Ноле е број еден, предвидувам полуфинале, Ѓоковиќ – Раониќ и Надал – Федерер“ – изјави Иванишевиќ.

Ѓоковиќ утре ќе игра на првиот терен со Уго  Умбер, меч кој е напрограмата како трет и последен на „вториот“ стадион на Вимблдон.