Медисон Кејс за прв пат во кариерата подигна трофеј од Мастер турнир. Американката успеа да го издржи отпорот од Светлана Кузњецова и во големото финале да слави со 2:0 по сетовби 7:5 и 7:6.

Финалето траеше еден час и 45 минути. Кејс сега води со 4:1 во победи против Русинката во петте нивни досегашни меѓусебни пресметки.