Третиот носител Рафа Надал одигра фантастичен меч и го совлада Ник Киргијос со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 7-6, 7-6) за пласман во наредното коло на Вимблдон Киргијос беше и повеќе од солиден противник, но немаше решение за расположениот Рафа.

Шпанецот се пласираше во третото коло на Вимблдон по десетти пат, а воедно стигна и до својата 50-та победа на Вимблдон (50-11). Наредно на патот кон финалето, Надал ќе се сретне со французинот Жо-Вилфрид Цонга, кој на овој турнир два пати во својата кариера стигнал до полуфиналето.

Надал стигна до победата против Киргијос, но овој потег на австралиецот го одбележа мечот.