Ник Кирјос се пласираше во треотот коло од Австралија Опен, по триумфот над Жил Симон со 3-1 во сетови. Домашната надеж и на овој дуел им приреди шоу на публиката на „Род Лејвер“ арената, откако првично беше опоменет од судијата поради задржувае на времето.

На ова контраверзниот Австралиец одговори со имитација на Рафаел Надал и неговото долго подготвување за сервис, што наиде на овации кај публиката, а го засмеа и главниот судија.

Киријос во следното коло ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Качанов и Мер.