Австралискиот тенисер Ник Киријос смета дека Енди Мареј е подобар тенисер од Новак Ѓоковиќ, а тоа го изјави на Инстаграм во разговор со тенисерот од Шкотска.

„ Не сакам да звучам контраверзно, но искрено по мое мислење си подобар од Ѓоковиќ. Тогаш луѓето би рекле дека Ѓоковиќ освоил се, но тој на мојот сервис немал одговор нешто што не беше случај во мечевите против тебе“- изјави Киријос.

Ѓоковиќ против Мареј има водство од 25-11 во победи и освои 16. Грен слем титули во споредба на трите кои ги освои Британецот.