Австралиецот Ник Кирјос повторно приреди шоу на своите мечеви, сега во полуфиналето со Стефанос Циципас од Грција кого го победи со 6:4, 3:6, 7:6 (7) и закажа финале со Данил Медведев.

Кирјос повторно во негов стил донесе многу забава за публиката која делуваше задоволна од „глупостите“ на тенисерот од Австралија.

На овој меч со Циципас, секогаш непредвидливиот Кирјос запраша една жена каде да сервира, ја послуша и стигна до поен а потоа се поздрави со сите.

Дека неговите шеги немаат крај, покажа кога му донесе патики на Циципас кој се мачеше на овој меч со опремата, таткото на тенисерот од Грција од трибините му прати нов пар патики, нив ги донесе Кирјос.