Австралиецот Ник Кирјос на УС Опен повторно го покажа вистинското лице, ново шоу во кое го обвини АТП и го навредуваше противникот.

Кирјос го победи Стив Џонсон со 6:3, 7:6 (1), 6:4  по нешто повеќе од два часа игра. На мечот, Кирјос, повторно беше незадоволен, го навреди противникот а имаше и „соодветен“ коментар за казната од 130.000 долари од АТП.

„Воопшто не се загрижив, АТП е многу корумпиран, воопшто не сум вознемирен од казната“ – изјави Автралиецот.

Кирјос не му остана „должен“  и на главниот судија Џејмс Кетвонг, му се обрати нервозно откако многу гледачи се шетаа на трибините.

„Зошто не ги опоменеш, тоа е твоја работа, превземи нешто“ – му се обрати Кирјос на судијата.