Темпераментниот австралијански тенисер Ник Кирјос продолжува да прави проблеми на терените.

За време на турнирот во Вашингтон, Кирјос во дуелот против Јошихита Нишиоке забележа сигурен триумф од 6:2, 7:5, но повторно имаше излив на бес.

Австралијанецот за време на кратката пауза фрли шише со вода кон главниот судија на натпреварот.

Иако беше погодено само столчето, судијата го праша во што е проблемот, на што Кирјос се обиде да се извлече со одговор: „Ми падна шишето од раце.“