На женскиот дел од турнирот на Вимблдон Украинката Елина Свитолина во два сета со 7-5,6-4 го доби мечот со чешката тенисерка Каролина Мухова и во полуфиналето ќе игра против Романката Симона Халеп.

Во последниот четврфинален меч, Борбора Стрицова од Чешка беше поуспешна од домашната тенисерка Јоана Конта со 2-0 по сетови 7-6, 6-1.

Стрицова во полуфиналето ќе се сретне против Американката Серена Вилијамс.