Финалето во игра на двојки  на Вимблдон вчера на кратко беше прекинато поради инцидент за време на играта. За време на првиот сет топчето при смеч удар го погоди во глава Николас Мау кој падна како покосен.

За среќа немаше сериозни повреди и мечот продолжи по десет минути прекин. Француската двојка, Мау и Роџер-Васелин беа поразени од Кабал и Фарах од Колумбија со 3-2, дури четири сета се играа во тај брејк, само петиот заврши со 6-3.