Роџер Федерер и Александер Зверев одиграа ревијален меч во Буенос Аирес, Аргентина, победи Германецот во два сета и двата во тај брејк.

Сепак посебен момент преставуваше обраќањето на Марадона кон Федерер пред почетокот на мечот.

Марадона го величаше Федерер, Швајцарецот емотивно реагираше со солзи во очите.

„Здраво господару на тенисот, машина, така јас те нарекувам. Ти си најголемиот тенисер на сите времиња, никогаш нема да има ваков играч како тебе“ – порача во дел од пораката Марадона.