Австриецот Доминик Тим во неверојатно драматичен меч кој траеше речиси три часа го совлада Новак Ѓоковиќ и се пласираше во финалето на завршниот АТП турнир во Лондон.

Тим го доби првиот сет во тај брејк, кој решаваше и во вториот сет. Ѓоковиќ спаси дури пет сет. – меч топки и откако израмни на 1-1 во сетови беше на прагот на голем триумф, водејќи со 4-0 во тај брекот  во третиот сет.

Сепак, Тим со извонреден тенис се врати во мечот и ја запиша својата јубилејна 300-та на АТП турнирите.