Поранешниот прв тенисер на светот Енди Мареј најави дека може да се врати на терените на Мастерсот во Мајами.

Последниот мечм Британецот го одигра на финалниот турнир од Дејвис Купот. Поради проблеми со карлицата, ги пропушти сите турнири во јануари и февруари.

„Краткорочно гледано, тренирам како би бил спремен за Мајами. Многу препреки мина последните месеци. Од Дејвис Купот можеби два пати бев на терен и тоа само на 40.минути. Потребно ми е време да се навикнам, за да осеќам добро на теренот“ изјави Британецот.