Данил Медведев се пласираше во финалето на завршниот Мастерс турнир во Лондон откако во второто полуфинале го совлада Рафаел Надал со 2:1 по сетови: 3:6, 7:6 и 6:3.

Рускиот тенисер одигра одличен меч и покажа дека е во неверојатна форма во овој момент, Надал едноставно загуби здив во третиот решавачки сет.

Во финалето Медведев ќе игра против Домик Тим кој во полуфиналето го елиминараше Новак Ѓоковиќ.