Рускиот тенисер Данил Медведев е победник на Мастерс турнирот во Шангај, откако во финалето го декласираше Александар Зверев со 6-4 и 6-1 и потврди дека се наоѓа во најдобра форма во вториот дел од сеозната.

Овој успех има поголема тежина ако се знаед дека Русинот до титулата стигна без загубен сет, а ова му беше шесто последовно финале. Медведев во септември годинава го одигра својот најголем меч во кариерата во финалето на УС Опен против Надал, кое го загуби со 3-2 во сетови.

За Медведев оваа титула е втора Мастерс титула годинава, а се надоврзува на трофејот освоен во Санкт Петербург, каде што во финалето славеше против Борна Чориќ.

Следува последниот Мастерс сезонава, во Париз, а потоа осуммината најдобри ќе играат на завршниот Мастерс Куп во „О2 Арената“ во Лондон, а Медведев ќе биде дел од тој спектакл.