Русинот Данил Медведев неочекувано лесно со 3-0 го порази Новак Ѓоковиќ во финалето „УС Опен“, последен Гренд слем годинава.

Вториот носител Медведев (Русија) со 6:4, 6:4 и 6:4 го совлада првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ, а мечот траеше 2 часа и 17 минути.

Медведев е првиот Русин кој успеа да дојде до Гренд слем титула по 2005 година, тоа му успеа и на Марат Сафин но на „Австралија Опен“.

Со овој пораз, згаснаа надежите на Новак Ѓоковиќ дека ќе може да дојде до четири Гренд слем титули во една година, не победи само на УС Опен.