Даниел Медведев ја игра најдобрата сезона во кариерата, а младиот русин денеска во финалето на Ст. Петербург стигна до 3 титула годинава. Медведев во големото финале беше подобар од Борна Чориќ со убедливи 6-3 и 6-1.

Мечот траеше само 72 минути, а она што е интересно е дека Медведев стана прв Русин кој го освоил овој турнир за кој ќе заработи 203.000 американски долари.

За напомена Медведев пред неполн месец во големото финале на УС Опен загуби од Рафаел Надал со 3-2 во сетови.