Младата 15-годишна американска тениска сензација, Коко Гауф, во третото коло на Австралија Опен ја елиминира актуелната шампионка Наоми Осака.

Гауф одигра перфектен меч и јасовлада Осака со чисти 2:0 (6:3 и 6:4).

За само половина година Гауф по вторпат е дел од осминафинале на Гренд Слем турнир, претходното и е на Вимблдон.

Ова е прва победа на младата Гауф против тенисерка од топ 5.

Гауф стана позната кога есенва стана најмлада победничка на еден ВТА турнир.