Рафаел Надал го освои турнирот во Акапулко, откако во финалето за 75 минути го совлада Тејлор Фриц во два сета, 6:3 и 6:2.

Ова е 85. титула во кариерата на Шпанецот, а трета во Акапулко. Интересно, сега Надал е и најмлад, но и најстар освојувач во историјата на овој турнир. Имено, во 2005 година тој го освои турнирот со свои 18 години, а утринава тоа го направи на 33 години. Втор пат Акапулко го освои во 2013 година.