Рафаел Надал важи за еден од најдобрите тенисери на сите времиња, а најдобар на земјена подлога. Шпанецот знае како би изгледал иделаниот тенисер според него, а за таков нешто мора да го има бекендот на Ѓоковиќ, форхендот на Федерер и сервисот на Карловиќ.

Покрај ова Надал смета дека тој тенисер треба да ја поседува и брзината на Гаел Монфис, ставот кон тенисот како на Ферер и неговата пожртвуваност. Кога е во прашање дефанзивата за Шпанецот не постои подобар во таа категорија од Ендиј Мареј.