Првиот светски рекет, Рафаел Надал, на крајот од мечот со Фредерико Делбонис на Австралија Опен без да сака го погоди в глава девојчето што ги додава топките.

Надал веднаш и се извини, ја бакна, а по средбата и ја поклони лентата за глава.

„За нејзе тоа не беше најдобриот момент. Се исплашив за нејзе. Топката одеше брзо и ја погоди право во главата. Таа е многу храбра девојка“,напиша подоцна Надал.