Рафаел Надал ќе игра против Роџер Федерер во полуфиналето на Вимблдон по денешната победа над Квери од 3:0 по сетови, 7;5, 6:2 и 6:2. Шпанецот успеа да го декласира американецот за два часа и девет минути.

Квери се обиде но не успеа да се носи со расположениот трет носител кој загуби девет гејма во три сета. Во второто полуфинале ќе играат Новак Ѓоковиќ и Баутиста.

Ова ќе биде прво полуфинално соочување на Федерер и Надал а 40-та меѓусебна пресметка.