Рафаел Надал се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Монтреал откако го победи Аргентинецот Гвидо Пелја со 6:3 и 6:4 и закажа дуел со Фоњини.

Оваа победа беше 379 за Надал на АТП Мастерс 1000 турнирите со што го помина рекордот на Федерер во бројот на победи на овие натпреварувања.