Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е помеѓу осумте најдобри на Вимблдон, откако лесно со 3-0 во сетови го совлада Жоао Соуса од Португалија.

Надал за само 105 минути го совлада противникот со 3-0 во сетови 6-2, 6-2, 6-2 и обезбеди четвртфинале на Вимблдон.

Оваа ќе биде седми пат за Надал да биде во најдобите осум на Вимблдон,каде во таа фаза нема загубено меч досега.