Рафаел Надал се пласираше во второто коло во последниот гренд – слем турнир во оваа година Ролан Гарос триумфирајќи над Белорусинот Јегор Герасимов со 3-0 во сетови.

Шпанецот ја мина првата преча во Париз за близу два часа игра препуштајќи му на пртивникот вкупно десет гемови (6:4, 6:4, 6:2).

Следен противник на Надал ќе му биде 236 рангираниот тенисер во светот, Американецот Мекензи Мекдоналд.