Рафаел Надал се пласираше во третото коло на Ролан Гарос откако го елиминираше Мекензи Мекдоналд со 6:1, 6:0 и 6:3.

Бранителот на трофејот одигра маестрално и дојде до 95 победа во кариерата на престижниот турнир во Франција.

Во третото коло Надал ќе игра со подобриот од дуелот на Нишикори и Траваља.