Швајцерот Роџер Федер славеше со 2-1 во сетови против Рафаел Надал на егизбицискиот меч кој се одржа во Јужна Африка.

Хуманитарниот меч  во Кејп Таун го следеа рекорден број на гледачи, 51.954 гледачи, тоа е рекорд на тениски натпревар во Јужна Африка.

Меѓу овие над 51.954 гледачи беше и еден на 99 годишна возраст, тој со транспарент побара можност за фотографирање со Федерер и Надал.

„ФЕДАЛ, имам 99 години, ве молам за една фотграфија со вас двајцата“